“Unicorns in Wonderland” IMW

Нашиот член Ангелина Лаброска беше дел од интернационалниот мотивациски викенд "Unicorns in Wonderland" кој се оддржа од страна на EESTEC LC Eskisehir од 25ти-28ми февруари. Но, не заминувај сеуште. Ангелина се обиде да ни ги сумира сите забавни активности која таа ги правеше заедно со нашите EESTEC "unicorns". 

"Unicorns in Wonderland IMW" беше првиот интернационален настан на кој јас учествував како учесник, и морам да кажам дека беше прекрасно искуство. Вообичаено сум тип на човек кој би се пријавил за едукативен настан, но овој пат јас се одлучив да ја искористам можноста да одам на забавна и возбудлива авантура која беше полна со исражување, забави, пријателство и, во овој случај "unicorn spirit". Три дена може звучат како краток период за настан, но вррувајте ми, дури и тоа малку време може да биде исполнето со голем број на спомени.
Имав шанса да го посетам градот Eskisehir за прв пат и мило ми е дека истата ја искориистив, бидејќи градот ми остави одлична импресија на мене, исто како и турската кујна и култура. Темата на IMW беше еднорози бидејќи IMW започна пред настанот наречен Design Sprint, и нашите EESTEC дизајнери го имаат рднорогот како нивни spirit animal. Затоа, организаторите ни го направија тоа уште поинтересно со тоа што додадоа магија на настанот и не предизвикаа да најдеме 5 легендарни клучеви, а сето тоа криеше магични награди.
Но, покрај сите забави, прошетки низ градот и музеи, за мене најдоброто нешто на овој настан беа луѓето. Бев член на неколку интернационални тимови, и беше прекрасно што конечно се сретнав лично со некои од моите teammates и интернационални пријатели. Успеав да се сретнам и да се запознаам со многу Истековци кои ги видов за прв пат, и учесници и организатори (патем огромна благодарност до неверојатниот организациски комитет за нивната одлична работа!)
За крај, можам да кажам дека сум благодарна за оваа можност и не би се двоумела да аплицирам за следен настан. Ви предлагам да го направите и вие!
Ангелина Лаброска
Член на Надзорниот одбор во EESTEC LC Skopje

Се надеваме дека овој блог ќе биде причина плус за нашите членови да присуствуваат на повеќе интернационални настани како овој. Годината е долга и со нетрпение очекуваме повеќе настани од EESTEC LC Eskisehir и EESTEC генерално!